Стенд ап на Душка Мушиќ во Паблик рум, “Мали су ми на врх главе” 16 април, со почеток од 20.30 часот.
Со новиот стенд ап на Душка Мушиќ “Мали су ми на врх главе” ќе имате прилика да се запрашате за сексот тоа што никогаш не сте се прашале, а таа ќе ви објасни дали е подобро да имаш мал и широк или голем и долг, која поза е најдобра ако сте а) машко преку 100 килограми и б) женско преку 100 килограми, зошто питата кромпируша е единствен ороз за повеќекратен оргазам и за што служи сајбер сексот.
“Со повеќе од 70 години и повеќе од 109,70 килограми единствен сум раритетен примерок на стенд ап сцената”, ќе каже Душка и додава дека не се знае до кога ќе трае и затоа е штета да се пропушти нејзиното гостување во Скопје, во Паблик рум на 16 април.


