Вести Македонија Спорт

Строги казни за фалсификаторите и препродавачите на билети за Суперкупот

Сподели:

Собранието на Република Македонија едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8. август годинава во Скопје.

Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.

Како што образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев, измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.

Овие измени  се прават е на барање на УЕФА, заради  и усогласимеување на  нашите закони со земји како Англија, Германија, Франција.

 

 

Сподели: