Нуклеарните проектили на Северна Кореја – закана за безбедноста на САД

Сподели

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека целата територија на Соединетите Држави сега е на дофат на неговите интерконтинентални балистички проектили, додека американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги “преземе сите неопходни чекори” за да ја заштити татковината. Изјавата на Ким, која ја пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја, дојде еден ден откако Пјонгјанг го започна својот втор тест за проектилите, за кои официјалните лица рекоа дека се понапредни од првите и кои би можеле да стигнат до Лос Анџелес или Чикаго. Ким тврди дека тестот бил “совршено успешен” и дека е потребен голем чекор кон постигнување на неговата цел да биде во можност да ги погоди САД со нуклеарни боеви глави.

Трамп претходно го нарече лансирањето “невнимателено и опасно” и го предупреди Пјонгјанг дека неговите амбиции ќе ја изолираат земјата.

РСЕ