Едно езеро – безброј приказни
Годинава Струга е домаќин на централната прослава на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, а Општина Струга, Europe House Struga и Хотел Дрим, во соработка со Општина Охрид и Општина Поградец, обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите градови кои го делат и заеднички го чуваат езерото.

Програмата започнува во 9 часот и опфаќа повеќе активности на различни локации, додека централната свеченост ќе се одржи на Машка плажа во Струга. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка програма, изложбени содржини, ракотворби и активности кои ја промовираат природната убавина, културата и значењето на Охридското Езеро.
Струга, 21 Јуни 2026, Централна свеченост: 11 часот, Машка плажа.
Да го прославиме заедно езерото кое нè поврзува, нè инспирира и нè обврзува да го чуваме за идните генерации.


