Студен бран во Македонија

Сподели

Студениот бран пристигна и во Македонија и донесе снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија.

Снег има на Попова Шапка и Маврово, Лабунишки Бачила, Јабланица.

Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога се очекуваат нови поинтензивни врнежи. На планините ќе се формира и снежна покривка. 

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.