СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ АПЕЛИРА

Сподели

1000280_1581607368736213_2253046106660058803_n

Студенти и загрижени граѓани,

Денеска ни треба вашата помош! Постојат одредени неофицијални информации дека студенти ќе се носат со автобуси за да гласаат во Скопје на факултетите за претседател на Студентски Парламент. Знаејќи дека Парламентот функционира веќе 3 години на нелегален начин и е нелегитимен претставник на студентите, големи се шансите денеска да има изборни манипулации.

Ако е ова точно, малтретирањето на студентите за лични интереси претставува зенит на дрскоста и самоволието, затоа ве замолуваме доколку да забележите нешто што изгледа сомнително додека сте на факултет или во близина, сликајте го и пратете ни ја сликата како порака на Facebook странава. Анонимноста е загарантирана и однапред ви благодариме на сите!