ЦИА: Нападот на Истанбул ги има обележјата на ИД

Сподели

dzon-brenan

Нападот во Истанбул, во кој загинаа 42 лица, ги носи обележјата на Исламска држава, оцени директорот на ЦИА, Џон Бренан, и предупреди дека САД не се заштитени од напади на џихадистите.

– Срамниот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул, во кој загинаа и беа повредени десетици лица, без сомнение ги носи обележјата на ИД – рече Бренан.

Американскиот претседател, Барак Обама, вчера рече дека нападот во Истанбул можеби е дело на џихадистичката организација, а таква оцена изнесе и турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Во повеќето слуачи, ако не во сите, ИД не презеде одговорност за нападите што ги извела во Турција – рече Бренан.

Четириесет и две лица се убиени, а 239 се повредени во трите самоубиствени напади на главниот меѓународен аеродром „Ататурк“ и тоа е најсмртоносниот напад во Истанбул, кој веќе третпат годинава беше мета на џихадистите или Курдите.

Бренан предупреди дека ИД сигурно подготвува нови напади на американски цели.

– Ги предупреувам сите што мислат дека американската територија е заштитена, оти ИД и тука се обидува да нападне – рече директорот на ЦИА.

мета.мк