Османи: Црвена линија е идентитетот, за ова нема право никој да преговара

Сподели

 

Идентитетот е црвена линија и за тоа нема право никој да преговара, дециден беше вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Идентитетот, јазикот се црвените линии, како за македонците, така и за нас (албанците). Ова се црвените линии и за ова нема право никој да преговара“, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Османи: Албанците до крај ќе бидат лојални на државата

„Ние албанците заедно со македонските граѓани градиме заедничка иднина. НИе заедно живее. Имаме заедничка иднина. Имаме заеднички потреби. Албанците ќе останат лојални до крај. Веќе покажавме дека заедно можеме да направиме големи работи, сега е време за солидаризација за подобра иднина. Верувам дека и опозицијата ќе биде поконструктицна во оваа насока“, потенцираше Османи во „Click Plus“ на ТВ21.

Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека можно е да застанат на патот на процесот кон полноправно членство на РСМ во Европската униија.

„Покрај силната поддршка од Европската унија и САД за интегративниот процес на Северна Македонија, можно е да има и трети земји кои веројатно работат во спротивен правец и затоа треба да бидеме многу внимателни“, изјави вечерва МНР, Бујар Османи во „Click Plus“ на ТВ21.

TV21