Вести Свет Ударни вести

Судењето за 11. септември закажано за 11. јануари 2021 година

 

Американскиот Воен суд за 11 јануари 2021 година го закажа судењето за воени злосторства за дел од организаторите на нападите од 11 септември.

Судењето е закажано против пет лица кои се наоѓаат во затвор во американската воена база Гвантанамо на Куба, под обвинение дека ги планирале и подготвувале нападите на 11 септември во 2001 година во САД.

САД ја сомничат групата предводена од Пакистанецот Калид Шеих Мохамед за воени злосторства вклучувајќи и тероризам, киднапирање и убиство на околу 3000 луѓе.

 

Сподели: