Алтернатива Настани

“ДОПИР И ПРОСТОР” Уметничка резиденција Скопје 2019

 

Уметничка резиденција Скопје 2019 година, ликовен медиум
Јужна Америка – Северна Македонија, нови почетоци ДОПИР И ПРОСТОР.

Од 14-31 август 2019 година, фондацијата „ Македонида “ организира во Скопје програма за уметници во резиденција со наслов „Јужна Америка – Северна Македонија, нови почетоци“. Темата е Допрете го просторот. Ова е прв уметник во програмата за престој на територијата на Македонија со уметници од Јужна Америка и од нашата земја некогаш да се организира. 

Македонида е граѓанска организација која веќе 20 години работи во заштитата, промоцијата и валоризацијата на културните и уметнички вредности од богатиот средновековен трезор во нашата земја.

Црквите и спомениците од византискиот период претставуваат етаблирана вредност утврдена и највисоко валоризирана помеѓу другите средновековни споменици во светот. Веќе две децении се бориме за византиските споменици да добијат соодветен третман од страна на надлежните институции и Црквата како нивен сопственик и корисник. Но, пред се тие се културни споменици од прв ранг и посебен интерес за кој се грижи државата а, како такви според легислативата сите граѓани имаат обврска да се грижат за нив.

Подигнувањето на свеста кај луѓето и институциите, прифаќањето на обврските и одговорноста, локалниот активизам и логистиката во нашиот простор се борат со демократските процеси неможејќи едноставно да ги применат, оти во нашиот простор демократијата е еден апсолутен странец. Ние во нашиот простор демократијата ја пречекуваме, нагостуваме и како сите странци очекуваме и се надеваме дека ќе си замине!!!!

Од оваа година Мекедонида го проширува интересот за вредностите во нашиот просторот од средниот век во нашето современие. Во нашите претходни најразлични програми стигнамве до нашата најдалечена точка на соработка, а тоа беа уметници и институции од земјите Уругвај и Аргентина. И како што е сликата со нашата планета и сателитите околу нејзината орбита и сите информации од земјата одат кон сателиотот и од сателитот се враќаат кон земјата така и ние почнуваме со овие две земји од Јужна Америка од каде ќе дојдат четворица уметници во нашата арт резиденција во Скопје. Во сите миграции од секогаш поради која и де е причина, уметноста мигрирала со или без таа причина.

Во нашето насјкоро современие во последните 15 години се видоизменети прво визуелната перцепција,а по неа се изменија и сите други сетилни перцепции. Ако сликата ни стана многу поизострена но површина, слухот апстрактен и синтетички, вкусот конкретен и загрижувачки, мирисот хормонален и не толку битен се прашувам каков стана допирот? Допирот е сетилото кое не може да се смени тој е секогаш искуствен физички и емотивен! Тој влијае на обликот на телото и го дефинира односот со просторот? А просторот е оној кој што не дефинира нас.

Темата на овогодинешната Уметничка резиденција на нашите гости уметници е сетилото – допир во нивниот простор кој што го носат со себе како уметнички номади и просторот на резиденцијата која го нуди Македонида. Резиденцијата претставува семејна куќа во сопственост на преседателот на Македонида, наследена од неговите родители. Таа е модерно проектирана куќа типична за времето на постмодернизмот со прекрасен класичен ентериер, осмислен, и се наоѓа во една од попрестижните урбанистички резиденционални населби во Скопје.

Во резиденцијата ќе престојуваат четворица уметници и еден документатор од Јужна Америка од 17 август до 31 август 2019, Татијана Коцмур и Хулиета Ортиз де Латиеро од Аргентина и Франциско Томшич и Аугусто Гадеа од Уругвај, како и домашните автори од Скопје Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш. Документацијата ќе ја води Хенрике фон Девиц од Германија.

Гордана Велков

Сподели: