Louis Vuitton прогласен за највреден моден бренд во светот

Сподели

Францускиот луксузен моден бренд Louis Vuitton прогласен е за највредна модна марка во светот според оценките на глобалниот консултантски бренд, Interbrend.

Модната компанија која уште од 1854 година беше основана од страна на модниот дизајнер и бизнисмен Louis Vuitton, го зазема 19 место на листата на Interbrend, додека технолошките компании Apple, Google и Microsoft ги заземаа првите три места.

Глобалната директорка на компанијата Interbrend, Ребека Робинс, изјави дека Louis Vuitton успешно го поврзал својот бренд со културата и дека нејзината стратегија е одлично замислена.

Успешните резултати на куќата Louis Vuitton се должат благодарение на нејзините долгогодишни финансиски резултати и способноста да влијаат на изборот на купците.