Кривичниот суд – Скопје, му одреди 30 дена мерка притвор на Сашо Мијалков, обвинет во случајот “Трезор”.
Оваа одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство.
Застапниците на обвинението за случајот “Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.


