Судот во Израел: Нетанјаху осомничен за поткуп и измама

Сподели

Полицијата го сомничи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за поткуп, измама и кршење на довербата, известија локалните медиуми доцна синоќа како дел од тековната истрага во врска со корупција, пренесува Anadolu Agency (AA).

За време на сослушувањето се откри дека обвинителите се во преговори со поранешениот висок помошник на Нетанјаху, пишува весникот „Хаарец“.

Тие се обидувале да добијат сведочење од поранешниот шеф на кабинетот, Ари Хароу, во врска со два случаи поврзани со подароците, кои наводно ги добивале Нетанјаху и неговото семејство од страна на бизнисмени, и поради разговорите кои ги имал со издавач на весник.

Израелскиот премиер беше испитуван на почетокот од оваа година од страна на полицијата во врска со обвиненијата.

Нетанјаху ги негираше обвиненијата. Во соопштение од неговиот кабинет се вели: „Ние целосно ги негираме неоснованите тврдења во врска со премеирот“. „Кампањата за промена на владата е во тек, но предодредено е да не успее поради единствената причина – Нема да биде ништо бидејќи немаше ништо”.

Доколку Хароу даде доказ против неговиот поранешен шеф, шансите за Нетанјаху да се соочи со обвиненијата ќе бидат зголемени.

Иако тој нема да биде принуден да поднесе оставка доколку биде обвинет, тоа ќе го зголеми притисокот врз него да се повлече по 11 години на власт.

Во истрагата позната како „Случај 1.000“, вмешан е и холивудскиот продуцент Арон Милчан, на кого наводно му барале да купи скапи премети за Нетанјаху и за неговата сопруга.

„Случајот 2.000“ се однесува на тврдењата на предложениот договор за многу поповолeн опфат со Арон Мозес, издавачот на весникот „Yedioth Ahronoth“.

Деталите од истрагите беа вклучени во еден документ доставен до судијата Ришон Лезион, кој им нареди на медиумите да молчат за деталите од преговорите на обвинителите со Хароу.

Случаите се поврзани со сомненија за извшување кривични дела за поткуп, измама и кршење на довербата.

Хароу беше шеф на кабинетот на Нетанјаху во 2008 година, кога тој беше лидер на опозицијата. Тој се врати на работа со премиерот во 2014 година, но поднесе оставка една година подоцна поради тврдењата за корупција.