Вести Македонија Ударни вести

Судски совет: Обвинувањата на амбасадорот Коп се неосновани

Сподели:

 

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет. Ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дека новиот претседател на Судскиот Совет е избран во нелегитимна процедура и затоа се става во мирување 4 годишниот проект финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на СС е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ.

Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува  сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет.

Холандскиот проект трае 4 години и се состои од 3 компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.

Сподели: