Свечена изјава на новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери

Сподели

 

 

 

Денеска, во Охридската сала на Собранието на Република Северна Македонија, новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери, даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Насер Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на РС Македонија на 25 јануари годинава. Тој ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата два мандати по 8 години.