Законското решение донесено со консензус, се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

Сподели

 

Со 70  гласа „за“ Собранието на Република Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

 

 

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Македонија,  подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Македонија.

Опозициските пратеници истакнаа дека според нив многу е несериозно тоа што го направила Владата бидејќи прво што требало да се направи е дека таа требала да ги поднесе овие измени многу порано со што ќе се овозможеше влез на овие вакцини во зејата, а не тоа да го направи група на пратеници. Граѓаните од регионот веќе се вакцинираат, почнувајќи од Србија која е на второ место во Европа со 430.000 вакцинирани, нагласија тие. Опозициските пратеници за оваа состојба ги обвинуваат министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, кои вакцините го најавиле за многу претходно, а кај нас ги нема.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски обвини за доцнењето на вакцините и дека власта после четири години за одредени состојби не треба да ја обвинуваат опозицијата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев за доцнењето на вакцините потенцирајќи дека нивните најави за вакцини од соседните земји се покажале како невистините и дека нивните постапки им штетат на граѓаните и на стопанството.  –Не може министер за здравство да не знае како се увезуваат вакцини, освен ако провизиите не му се побитни, рече Милошоски.

Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ потенцира дека Србија почнала порано со вакцинација за Ковид-19 бидејќи кај нив е седиштето на Фајзер за регионот, како и дека во времето од 2012 година до 2016 година од земјава биле повелечени претствништва на неколку фармацевтски компании поради нелојална конкуреција.  Коциќ потенцираше дека опозоцијата не ја познава работата на Комисијата за заразни болести, а потсети и дека опозицијата не присуствувала на седницата кога се расправало за овој предлог.

Арбен Зибери од ДУИ повика да не се прави политика од овој закон и вакцината и што поскоро да се донесе законот. Ковид кризата не е само проблем на нашата земја туку е светски проблем. Потенцира дека во Македонија компанијата за која се зборува нема свој претставник.