„Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

Сподели:

На 20 септември во Националниот археолошки музеј во Скопје ќе се одржи „Светот на Хомер“, авторско игрифицирано музејско доживување што ги поврзува Хомеровите епови со археологијата, музејските предмети, раскажувањето приказни и активното учество на публиката.

Наместо класично предавање, учесниците ќе истражуваат археолошки предмети и реплики, ќе работат со мапи и визуелни материјали, ќе решаваат предизвици и ќе учествуваат во авторски игри преку кои постепено ќе го откриваат светот зад „Илијада“ и „Одисеја“.

Доживувањето ги поврзува Кокино, микенскиот свет, Троја, Пајонците и археолошките предмети од музејската поставка во една заедничка приказна. Дел од програмата се и две авторски игри: „Патот на Сонцето“, инспирирана од Кокино, и стратешката игра „Светот на Хомер“.

Автор на концептот е м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследството, основач на Креактива, студио за раскажување приказни и дизајн на доживувања.

„Светот на Хомер“ се реализира во соработка со Националниот археолошки музеј во Скопје, во рамките на Европските денови на наследството.

20 септември 2026 | 10:30 часот, Национален археолошки музеј, Скопје. Времетраење: околу два часа

Бројот на учесници е ограничен на 15, со цел доживувањето да остане имерзивно, лично и незаборавно.

Сподели: