Светската џез-ѕвезда Мишел Камило во Скопје

Сподели:

На 18 ноември во 20 часот во Македонската филхармонија ќе настапи светски познатиот пијанист и композитор Мишел Камило (Michel Camilo), во организација на Националниот џез-оркестар.

Добитникот на „Греми“, три „Латин Греми“ и наградата „Еми“, пред скопската публика ќе настапи заедно со своите долгогодишни соработници Рики Родригез на контрабас и Марк Вокер на тапани. Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин.

Публиката ќе има можност да ужива во препознатливиот латино-џез звук, виртуозноста и енергијата на еден од најистакнатите музичари на светската џез-сцена.

Сподели: