Денеска се одбележува Светскиот ден на мозочниот удар. По повод 29 Октомври – Светскиот ден на мозочниот удар, од Клиниката за неврологија предупредуваат и даваат насоки како да се препознаат сигналите кои претходат на мозочниот удар.
Мозочниот удар е итна медицинска состојба: кога протокот на крв во мозокот се прекинува, мозочните клетки брзо се оштетуваат. Затоа е важно знаците да се препознаат навреме.
Запомнете го зборот БРЗО:

Б – Баланс: ненадејна вртоглавица, губење рамнотежа или координација
Р – Раце: ненадејна слабост на раката или ногата
З – Збор: потешкотии во говорот или во разбирањето
О – Очи: ненадејни проблеми со видот на едното или на двете очи
БРЗО: веднаш јавете се на 112!
Други можни знаци се силна главоболка, искривено лице, трпнење на едната страна од телото, конфузија и поспаност.
Ако се реагира навреме, може да се примени тромболиза, терапија што го раствора тромбот. Таа може да се даде само во првите часови од почетокот на симптомите, најчесто до 4,5 часа. Затоа запомнете во колку часот почнале знаците.
Колку побрзо се реагира, толку се поголеми шансите за закрепнување. Мозочниот удар во голем дел може да се превенира. Познавајте ги ризиците: висок крвен притисок, холестерол, шеќерна болест, пушење и неправилна срцева работа. Контролирајте ги и делувајте навреме.
Споделете ја објавата, бидејќи можеби токму вие ќе спасите нечиј живот.


