Светскиот тренд од сега и во Скопје! Една картичка, различен спорт секој ден!

Сподели

Сакате еден ден да вежбате аеробик или пилатес, друг ден да одите на базен, на танци, а за викенд да играте тенис или да одите на адреналинско искачување по карпи со Вашите колеги? Сѐ ова и уште многу други различни спортски и рекреативни активности се достапни со само една картичка, со само една месечна членарина.

Спортмастер е програма за вработени со која се добива пристап до различни спортски објекти засега низ цело Скопје, а во скоро време и низ цела Македонија.

Тоа е картичка на база на месечна членарина поделена помеѓу компаниите и вработените, со која ќе можете да ги посетите сите спортски објекти во нашата мрежа, во било кое време, триесет пати месечно.

Добро е познато дека задоволните и мотивираните вработени значат попродуктивни вработени, а пак здравите и физички силни вработени, значат помалку отсуства и боледувања од работа, па затоа решивме на компаниите да им ја понудиме оваа програма за мотивација. Со Спортмастер картичката корисниците ќе можат да вежбаат цел месец, еднаш дневно во различен спортски објект и да си го одржуваат своето здравје. Тие исто така може да користат и попуст за премиум услуги како што се спа третманите, масажите или персоналните тренинзи.

За да ја добиете Спортмастер картичката потребно е да не контактирате нас или Вашиот менаџер за човечки ресурси во компанијата во која работите. Нашиот тим е тука да Ви објасни кои се условите и како функционира целата програма.

Не чекајте, препуштете се на спорт!

Дознајте повеќе на https://sportmaster.mk