ДУИ: Шасивари го одложува решението за полагање правосудниот испит на албански јазик

Сподели:

Правосудниот испит на албански јазик, на пат кон решение? Министерството за правда подготвува средба со студентите и деканите на правните факултети.

Но, додека министерот Јетон Шашивари продолжува со консултации и најави, 52 кандидати ќе го полагаат октомврискиот испитен рок на македонски јазик, од кои 12 се Албанци.

Ова не е решение. Ова е одложување.

Шасивари, некогаш како професор, го критикуваше тогашниот министер за правда поради оневозможувањето на полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Денес, како министер, наместо да го реши ова прашање, бара уште време, средби и консултации.

Истата шема се повторува, како што видовме и слушнавме кај другите експоненти на ВЛЕН: ветувања кога се во опозиција, а одложувања и оправдувања кога се на власт.

На албанските студенти не им треба уште едно ветување. Им треба решение што ќе се спроведе.

Шасивари треба да одговори: ако правосудниот испит на албански јазик навистина е „на пат кон решение“, зошто 12 албански кандидати и во октомврискиот испитен рок треба да го полагаат на македонски јазик?

ДУИ бара ова прашање да се реши веднаш, а не да се користи како уште едно одложено ветување, се наведува соопштението на ДУИ.

Сподели: