ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време иако максималните температури ќе бидат за околу 1-2 степени пониски во однос на вчерашните, но и понатаму ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринските температури од 13 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес сончево и многу топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна температура до 38 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток и петок продолжува сончевото и топло време но со дневни температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во четврток утринските од 12 до 20 степени, додека пак максималните дневни од 27 до 38 степени, а во петок минималните од 10 до 18 степени а дневните пак од 23 до 33 степени. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со дневни температури кои што ќе се движат од 23 до 33 степени, со напомена дека во попладневните часови постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд пред се во јужните, југоисточните и во крајните источни предели. Во недела претежно сончево време со појава на локална облачност и свежо време со дополнителен пад на температурите кои што ќе достигнат до 19 односно до 29 степени, и во недела во крајните североисточни и источни предели попладне постојат услови за локални врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk