Вести Македонија Музика и Филм Топ теми Ударни вести

Тамара, одамна не сме биле олку горди! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена!

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.

” Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!”, напиша Заев на Фејсбук.

 

И претседателот Стево Пендаровски упати честитки.

“Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!
Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап.
#Proud #mkd 🇲🇰”

Со изведбата Тамара освои 237 поени од стручното жири и долго време беше на првото место на табелата. Но со 58 поени од телевоутингот на крајот заврши на осмото место, на натпреварот кој беше неизвесен до последен момент.

Победата на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, му припадна на Данкан Лоренс од Холандија со песната „Arcade“

Сподели: