Танц Фест 2026 ја обединува европската сцена во Скопје

Сподели:

Со голема посетеност и силни реакции од публиката, вчеравечер беа изведени пет претстави во рамки на „Танц Фест 2026“, како дел од првата „Скопје танцова платформа“, одржани на сцените на Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Македонскиот народен театар. Настаните ги проследија и над 40 професионалци од европската танцова сцена.

Фестивалот оваа година нуди интензивна програма со 12 претстави во три дена, со цел промоција на современата македонска танцова продукција пред меѓународната уметничка јавност. Во рамки на програмата, во Скопје престојуваат бројни директори на фестивали, продуценти и уметници, а на 25 април ќе се одржи и Генералното собрание на Европската танцова мрежа.

Денешната програма продолжува со повеќе изведби на различни сцени, меѓу кои „Мокументари“, „Гризење“, „Пајажина“, „МА“, „Југо“ и „Солена маглина“, кои преку современи сценски изрази отвораат прашања за идентитетот, општествените структури и човечкото искуство во услови на постојана промена.

Сподели: