“Танц на рацете” – Изложба на Сергеј АНДРЕЕВСКИ

Сподели

Танц на рацете – отворање на изложбата на Сергеј Андреевски, 14.октомври, Галерија АКАНТУС

Со особена радост би сакале да ве поканиме на отворањето на самојстојната изложба на академскиот сликар Сергеј Андреевски, “Танц на рацете”.

Марина Лешкова, куратор на оваа изложба ќе напише: “Пред нас се делата на Сергеј Андреевски кои ја носат пресудната улога во неговото творештво, а тоа се доживеаните спомени од детството. Во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни претци на македонското поднебје. Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом.”