“Танцот со Киното” – Филмска работилница

Сподели
 
Дали можеш да направиш целосен филм – од идеја до реализација, во само 5 денови?
 
“Танцот со Киното” е интердисциплинарна филмска работилница на Writing Studio во соработка со Министерството за Култура и Кинотека на РСМ.
 
Нејзина примарна цел е да го повика секој оној кој има желба да се изрази визуелно, без разлика на професионалниот бекграунд. Максималниот број на учесници во “Танцот со Киното” е 20, а може да се пријави секој што е полнолетен и има идеја за краток филм.
 
Во рамки на работилницата, освен менторски часови по сценарио, режија и монтажа, ќе биде обезбедена и сета потребна филмска опрема за реализација на твоите идеи.
 
Работилницата ќе трае 5 денови, помеѓу понеделник 24.04.2023, до петок 28.04.2023. Секој ден работилницата ќе се одвива помеѓу 10:00 и 16:00.
Учесниците ќе бидат поделени во филмски екипи и ќе ги добијат сите потребни услови за правење на краток игран филм. Котизацијата по учесник е 2000 ден, во која се вклучени часовите, опремата, режиските трошоци и хранарина за снимачките денови.
 
За подетални информации околу работилницата, контактирај нѐ на телефонскиот број +389 70 881 257.
Пријави се уште денес, резервирај го своето место!