Вести Изјави Македонија

Таравари со одговор на директорот на ФЗОМ

Сподели:

Таравари му одговори на директорот на ФЗОМ, на д-р Сашо Стефаноски

 

Почитуван д-р Сашо,
Со голем интерес го прочитав Вашето писмо и еве јавно би сакал да одговорам, иако лично преферирам состанок, кој за жал не успеавме да го реализираме поради Вашето одбивање на моите повици и незаинтересираност за промените кои се и повеќе од потребни во нашето здравство. Од друга страна, за разлика од Вас, директорот Орхан Рамадани секогаш одговараше на нашите повици и беше отворен за соработка.
Заедно со мојот кабинет интензивно работиме на системски решенија и опоравување на здравствениот систем кој беше катастрофално уништен од страна на претходната администрација од која и Вие сте дел. Интересот на граѓаните е секогаш мој приоритет, за разлика од вашата практика. Тоа го покажавте и со тоа што подмолно сакавте да ги поскапите лековите. Кога јас и мојот кабинет решивме да ја поништиме таа одлука, Вие ниту одговаравте на нашите повици, ниту сакавте да ја потпишете мојата одлука. Каде е тука Вашата конструктивност? Каде е тука Вашата одговорност кон граѓаните на Република Македонија?
Што се однесува до делот од Вашата изјава каде велите дека со разрешување на Управниот одбор се парализира одлучувањето во втор степен по жалби за лекување во странство, Ви порачувам дека нема да има никаков застој во овие постапки и веќе на почетокот на следната недела, најдоцна до вторник, ќе се формира нова комисија за оваа постапка
И самите сте свесни дека ова се Вашите последни денови како директор на Фондот и наместо да се фокусирате на моето дискредитирање, би Ве советувал фокусот да го насочите кон нешто многу поконструктивно! Доволно граѓаните трпеа од вашите деструктивни политики. Од сега па натаму Вашите критики упатувајте ги од опозиција, каде што се наоѓа Вашата партија.
Д-р Арбен Таравари

Сподели: