Театарски фестивал „5РЕ“ во чест на Петре Прличко

Сподели
 
Овој понеделник, 15 мај, започнува второто издание на театарскиот фестивал “5ре”! Под покровителство на Општина Велес, а во организација на ЗГ Плус Публика, доајенот на македонското актерство Петре Прличко продолжува да живее преку најактуелните театарски претстави и стенд ап изведби.
 
Воедно, во рамки на фестивалот ќе биде доделена и актерската награда за животно дело “Петре Прличко” за која трочлената жири комисија одлучи оваа година да ја добие нам добро познатиот Јордан Витанов, докажан во својата долгогодишна кариера.
 

Програма:

15 мај понеделник
„КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“
Драмски театар Скопје
Почеток: 20 часот
 
16 мај вторник
„ИЛУМИНАТИ“
Театар Комедија Скопје
Почеток: 20 часот
 
17 мај среда
„КАКВА ТИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ТИ Е ЖИВОТОТ“
Драган Маринковиќ Маца
Почеток: 20 часот
 
18 мај четврток
„СЕКС И ЛАГИ“
Народен Театар Куманово
Почеток: 20 часот
 
19 мај петок
„ЕНЕРГИЧНИ ЛУЃЕ“
Народен Театар Охрид
Почеток: 20 часот
 
20 мај сабота
„ЛЕ КРЕТЕН“
Народен Театар Штип
Почеток: 20 часот
 
Придружна програма:
20 мај сабота
„СКАЗНА ЗА РИБАРОТ И РИПКАТА“
(театарска претстава за деца)
Театар Колозов
Амфитеатар – Младински парк
Почеток: 12 часот
 
21 мај недела
„СТЕНД АП ШОУ СО ЖАРКО ЈОВАНОВИЌ“
Свечено затворање на фестивалот
Амфитеатар – Младински парк
Почеток: 20 часот