Телефонски разговор на Муцунски со МНР на Израел, Гидеон Саʼар

Сподели:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари конструктивен телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саʼар.

Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.

Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.

Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет.

Сподели: