Кризен штаб на МНР: 24 часа поддршка на македонските државјани во Доха и Абу Даби

Сподели:

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е формиран кризен штаб кој е на 24-часовно располагање на македонските државјани на кои им е потребна конзуларна помош или поддршка, информира министерот Муцунски.

Нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби се во постојана комуникација и целосно на располагање преку дежурните телефонски броеви.

Ги повикувам сите наши граѓани на кои им е потребна помош или дополнителни информации да стапат во контакт со надлежните служби, изјави министерот Муцунски.

Безбедноста на македонските граѓани останува наш врвен приоритет.

Сподели: