Вести

ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ ВО ИСТАНБУЛ НА АЕРОДРОМОТ АТАТУРК

Сподели:

Во терористичкиот напад во Истанбул, на аеродромот Ататурк се пребројуваат повеќе од 50-на мртви. ИСИС е главниот осоммничен за овој напад. Според преживеаните сведоци, еден од бомбашите самоубијци извикнал Алах Акбар и ја активирал бомбата. Државните органи во Турција и провладините медиуми ја обвинуваат опозицијата како виновник за поттикнување на овие терористички акции.

Васип Шахин, гувернерот на Истанбул изјавил дека нападот е извршен од тројца бомбаши-самоубијци, според тоа што се слушнале три одделни експлозии.

Додека друг претставник од полицијата изјавил за британскиот весник Гардијан дека осомничените се разнеле пред влезот на меѓународниот терминал каде што имало многу патници, откако полицијата претходно отворила оган врз нив.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг најостро го осуди нападот, додавајќи дека поседува информации за терористичката група која стои зад нападот, но оти во моментот не може да открие повеќе информации.


istanbul-napad-860x680
thumbs_b_c_4d05d4477ab729d3135a5296dd04a16213509101_1740203079530315_2600677523749694364_n

Сподели: