Спорт

Тешки моменти за играчи на ПСЖ – Бесните навивачи ја нападнаа ѕвездата и сакаа пресметка со него!

Сподели:

ПСЖ се уште е потресен по испаѓањето во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

фото: Twitter/ BeFoot, Profimedia

Една недела откако Меси, Нејмар и Мбапе испуштија водство на 2-0 и му дозволија на Реал да се пласира во четвртфиналето, се случи неверојатен инцидент.

Камерите снимија се. Тие го запреа автомобилот на Курзава, а еден од хулиганите се обиде да го извади од колата и да започне тепачка. За среќа, немаше поголем конфликт.

Курзава воопшто не играше против Реал, а е играч на ПСЖ од 2015 година. Сезонава одигра само девет минути во Суперкупот на Франција бидејќи тренерот Маурисио Покетино не смета на него.

Курзава, значи, не учествуваше во дебаклот на ПСЖ во Лигата на шампионите, но гневните навивачи имаа што да му кажат.

Во клубот последните денови има мрачна атмосфера и навивачите на клубот бараат бројни промени. Повеќе не сакаат да го гледаат тренерот Покетино, спортскиот директор Леонардо, но и ѕвезди како Нејмар и Меси.

The post Тешки моменти за играчи на ПСЖ – Бесните навивачи ја нападнаа ѕвездата и сакаа пресметка со него! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: