Вести Македонија Ударни вести

Тесна координација со САД, за време на претседавањето со ОБСЕ

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари средба со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања, во Стејт департментот, на маргините на ОБСЕ Министерскиот состанок.

 

 

Османи и Нуланд разговора за одличните билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, кои постојано се збогатуваат а посебно се осврнаа на првите конкретни резултати од неодамнешното одржување на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

Во фокус на разговорите беше и соработката и сојузништвото во рамки на мултилатералните организации, како што е НАТО и ОБСЕ, а под лупа на новите светски тешкотии, предизвикани од руската непровоцирана агресија врз Украина. 

Во ОБСЕ контекст, Османи ја брифираше Нуланд за приоритетите на идното претседавање, при што нагласи дека покрај војната во Украина, како приоритет број еден, посебно внимание ќе им се посвети и на останатите кризни региони, зајакнувајќи ги дополнително мировните ОБСЕ мисии на терен.

“ОБСЕ може да помогне во изнаоѓањето на потребните решенија, со цел смирување на тензиите,  зајакнување на предвидливоста, обновување на каналите на комуникација и дијалогот. Сите страни мора да го признаат и целосно да го искористат потенцијалот на оваа платформа” истакна Османи.

Османи меѓу другото, најави тесна координација со САД, како и со сите други земји учесници на ОБСЕ, при реализација на активностите идната година, со цел да им се излезе во пресрет на најранливите категории на луѓето.

Сподели: