Вести Македонија Ударни вести

МВР акции во сообраќајот: Во Скопје санкционирани 331 возачи, во Велес 137

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 93 прекршоци, 42 технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 санкциониран мотоциклист.

Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

МВР истот така спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес. Притоа, изречени се вкупно 137 санкции, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 29 за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци на мотоциклисти, три за возење под дејство на алкохол, а изречени се и 11 санкции за неносење заштитна маска. 

Сподели: