Црвен крст со Кампања за Недела на борба против ХИВ/СИДА

Сподели

 

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември 2022 година, согласно календарот на традиционални активности ќе ја одбележи Неделата на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција”.
 
Според Светската здравствена организација, ХИВ останува главен јавно здравствен проблем кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион, додека во светски рамки 37.700.000 возрасни и деца се инфицирани со ХИВ. Иако е постигнат значителен напредок во изминатите неколку децении, важните цели поставени за 2021 година не беа исполнети.
 
Во рамките на Неделата општинските организации на Црвен крст ќе преземат активности, со цел заеднички да допринесеме за подигнување на јавната свест кај младата популација преку спроведување на едукативни врснички работилници во средните училишта.