Вести

ТИ: Популистичките и автократски лидери воведуваат покорумпирани системи во државите каде ветиле реформи

Сподели:

 

Невладината Транспаренси интернешнал предупреди дека во државите каде има популистички лидери кои дошле на власт со ветувања за промена на статус-кво и борба со корупцијата, тој проблем се продлабочува.

ТИ објави Индекс на перцепција на корупција за 2016 година во 176 држави.

Во извештајот тие наведуваат дека популистичките и автократски лидери воведуваат покорумпирани системи во државите каде ветиле реформи.

Претседателот на ЕИ, Хосе Угас ги дава за пример Унгарија и Турција чии индекси се влошени во изминатите години, додека Аргентина се движи кон подобро по соборувањето на популистичката влада.

Според ТИ, најмалку корумпирана држава во 2016 година била Данска и Нов Зеланд, следени од Финска, Шведска, Швајцарија и Норвешка. Сомалија е на дното на листата, а над неа се Јужен Судан, Северна Кореја и Сирија. Македонија е на 90 место.

Резултатите за 2016 година откриваат врска меѓу корупцијата, нееднаквоста и популизмот. Кога традиционалните политичари не успеваат да се справат со корупцијата, луѓето стануваат цинични. Тие се` повеќе се свртуваат кон популистички лидери кои ветуваат разбивање на корупцијата и привилегиите, но тоа само го продлабочуваат, нагласува Транспаренси интернешнал.

Сподели: