Тимоние за РСЕ: За секое дрво ќе судиме според плодот што ќе го даде

Сподели

Свесни сме дека беше спроведена голема работа, постојат законодавни промени, отворање на нови институции и слично. Но, знаете како велат: за секое дрво ќе судиме според овошјето што тоа ќе го даде, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Најпрво ќе ви кажам дека Франција му честита на новоизбраниот претседател којшто беше избран според најдобрите меѓународни критериуми и навистина станува збор за напредок во демократијата во оваа земја, затоа што тоа е дел од низа на избори коишто беа потврдени од страна на меѓународните организации како добри и навистина ова е среќна околност за претседателот и навистина му посакуваме како шеф на државата да ја води својата земја кон просперитетна иднина и мир – изјави Тимоние.

Во однос на датумот за почеток на преговори во јуни, францускиот амбасадор вели дека прво се очекува извештајот на Европската комисија, кој ќе даде преглед за напредокот на реформите, особено за области кои се однесуваат на владеењето на правото, тоа е навистина простор каде што ЕУ и членките бараат напредок уште од минатото лето. Потоа сите заедно ќе направат проценка за реалната состојба во однос на тој напредок.

Целото интервју на амбасадорот Тимоние за РСЕ прочитајте го тука.