„Тивок ритам на формите“ – изложба на Милица Алимпиќ Илиќ во Прилеп

Сподели:

Вечерва, 21 август, со почеток во 19:30 часот, во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Тивок ритам на формите“ на српската уметница Милица Алимпиќ Илиќ.

Изложбата претставува серија дела во кои женската фигура е централен мотив преку кој уметницата ги истражува внатрешните состојби, чувствата и односот меѓу телото и просторот. Делата се изработени во акрил и масло на платно, со нагласена игра на линии, форми, бои и текстури.

Милица Алимпиќ Илиќ досега реализирала седум самостојни изложби и учествувала на бројни меѓународни изложби и ликовни колонии. За својата уметничка работа е добитник на повеќе награди и признанија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Сподели: