Тодоров и Попоски и официјално нови вицепремиери на Владата

Сподели

nn

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски, покрај раководењето со двата ресори, ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата.

Тие, како што може да се види на интернет-страницата на Владата, и официјално се назначени за заменици на претседателот на Владата, Емил Димитриев.

Ваквата одлука, според информациите на дел од медиумите, била донесена на владината седница што се одржа во петокот минатата недела.

Инаку, назначувањето на Тодоров и на Попоски доаѓа по оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој ја извршуваше и функцијата вицепремиер.

Со последните измени во владиниот кабинет, вицепремиерскиот тим на Димитриев сега го сочинува петорката Владимир Пешевски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Фестим Халили и Арбер Адеми.

meta.mk