Вести Изјави Македонија Став Ударни вести

ДУИ: Прохитлеровиот став на Таравари нема место во нашето демократско општество

Сподели:

 

Продолжува и денес да стои скандалозната објава на Фејсбук страницата на градоначалникот на Гостивар и генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари во која тој го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта“.

Неприфатливо е употребувањето и објавувањето на каква било слична метафора или фраза во речникот на еден политичар и носител на јавна функција во една земја во која суштината на нејзиното функционирање и развојот е демократијата и промоцијата на нејзините вредности, соопштуваат од ДУИ.

Апсурдниот и скандалозен менталитет изразен во постот на Таравари е навреда за суверенот и флагрантно кршење на демократските норми на политичкото дејствување.

Очекуваме Таравари да рефлектира и јавно да им се извини на сите граѓани и на семејствата на загинатите. Ја покануваме и Алијансата за Албанците да се огради и да го осуди овој апсурден искажан став на членот на нејзиното раководство.

Прохитлеровиот став на Таравари нема место во нашето демократско општество и како таков заслужува да биде осуден од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите и невладините организации.

ДУИ, соопштение

Сподели: