Вести Македонија Став Ударни вести

Тодоров за РСЕ: Бугарските барања се неприфатливи и навредливи за Македонците

Сподели:

 

“Треба да има одреден одговор на тие барања кои се неприфатливи, дрски, безобразни и навредливи за чувствата на етничките Македонци, особено прашањата на јазикот и на етничкиот идентитет, но политичарите треба да одлучат како и на кој начин ќе одговорат на таа рамковна позиција на бугарската влада”, вели историчарот Петар Тодоров, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Тодоров, што има во бугарските учебници, треба ли и тие да се менуваат?

Да, точно. Значи, учебниците во Македонија, во Бугарија, во сите земји од Балканот мора да се менуваат доколку овие народи сакаат да создаваат општества и доколку немаат намера да создаваат конфликти меѓу народите.

Што треба да се коригира од македонска гледна точка?

Од македонска гледна точка во бугарските учебници има многу проблематични делови во тоа како се градат претставите за соседните народи, вклучувајќи го тука и македонскиот народ, но и народите со муслиманска вероисповед. Она што ние сметаме дека е најпроблематично е тоа што во бугарските учебници се создава една претстава дека постојат бугарски неослободени земји надвор од територијата на денешна Република Бугарија и тоа е многу проблематично кога станува збор за современата настава по историја, бидејќи на тој начин учебниците им праќаат порака на децата дека сè уште има неослободени бугарски земји кои можеби утре ќе треба да се ослободат.

***

Спомнавте политиката е влезена во работата на комисијата. Како, од која страна е влезена политиката?

Често слушаме изјави од политичари во Бугарија, но морам да признам дека слушаме и тука, во Македонија, политичари кои си даваат за право да ја толкуваат историјата. Јас сметам дека историчарите се покажале како лоши политичари, а политичарите се покажале како уште полоши историчари. Јас работата на политичарите ја гледам да може да овозможат услови да можеме ние да работиме. Тука ја гледам улогата на политиката. Во Бугарија имаме често имаме изјави кои буквално одредуваат како треба да се одвива работата на комисијата и какви резултати таа треба да даде, но во помала мера тоа сепак постои и во Македонија.

Интервјуто на Петар Тодоров, за Радио слободна Европа, во целост прочитајте го тука

Сподели: