НЕВИДЛИВО ПРИСУСТВО – Јулијана МАРИНКОВИЌ

Сподели

 

.
Никогаш не можев
да сфатам
кога некоj
ќе ми речеше:
Бог е невидлив
ама е околу нас,
Па со оглед на тоа што сум
љубопитна личност
и имам прилично
големи очи,
мојата вештина
на истражување
е толку изострена
по што почнав
во “празниот”простор
да го барам
присуството на Бога.
.
Најпрво, ја пикнав
главата во фрижидер,
но таму немаше ништо
освен неколку
кокошкини јајца
и сарми од
претходниот ден
Потоа го барав
во скривниците
кајшто играв
кријана-мижана
Можеби таму се сокрил
и чека да го најдам
Каде заталкал Боже,
мора да е голем мозок
чим не можам
да го најдам

И сето тоа кружење
ми изгледаше како
доживеано искуство
но без ефект
И поради тоа cеднав да одморам
од напорното трагање,
во вакви ситуации
најдобро е да мирувам
и да се сконцентрирам
на мојата мисија
Потоа си мислам:
Ами и љубовта е невидлива
ама јас те сакам,
а и Сизифа
не го имам видено
ама сепак туркал камен.

Јулијана Маринковиќ