Тој многу добро го познава Федерер и тврди – Не може повеќе да освои гренслем, ќе се пензионира!?

Сподели

Тениската сезона минува без легендарниот Роџер Федерер.

Швајцарецот годинава поради повреда освои само 630 бодови, а по операцијата и одењето со патерици многумина се прашуваат дали ќе се врати на терените или ќе се пензионира.

Колумнистот на Њујорк Тајмс Кристофер Клери не верува дека освојувачот на 20 титули од четирите најголеми турнири ќе продолжи да се натпреварува.

„Не верувам дека ќе се врати, но тоа е само моја претпоставка. Верувам дека ќе сфати дека времињата се сменија по долгиот процес на опоравување. Дојдоа нови момци, а тој има многу да направи во животот. Со 40, што може да направи?, се прашуваше Клер.

Тој е еден од новинарите кои најдобро ја следеа кариерата на Федерер, а напиша и книга за Швајцарецот.

„Можеби ќе се врати, но тоа ќе биде бавно и тешко враќање. Мислам дека не може да освои Грен слемови и дека нема да биде среќен ако не добие шанса да го направи тоа“, искрен е Клари.

The post Тој многу добро го познава Федерер и тврди – Не може повеќе да освои гренслем, ќе се пензионира!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico