Арсовска: Што направивме…Утре оставка Заев!

Сподели

 

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. На преброени 37,94 отсто од гласовите на Државната изборна комисија (ДИК), Арсовска има 46.808 гласови пред Шилегов којшто има добиено 32.634 гласови.

 

 

По скопските општини, во моментов Шилегов води во општините Центар, Сарај и Чаир, додека Арсовска има водство во општините Карпош, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани почна славје пред седиштето на партијата во Скопје. 

Данела Арсовска пристигна во штабот на улица Македонија, а првиот нејзин коментар за ТВ21 беше:

„Што направивме… Утре оставка Заев“. Таа алудираше дека Заев мора да го исполни ветувањето кое го даде, односно ако го изгуби Скопје, ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и премиер на земјата.