„Тоше те сакаме“ во чест на ликот и делот на Тоше Проески

Сподели:

На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12 до 15 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.

Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR Brend.

Целта на настанот е преку уметнички, образовни и музички содржини да се одбележи трајната вредност на делото на Тоше Проески, неговата хуманост и влијанието што го има врз младите генерации и македонската културна сцена.

Програмска содржина:

  • 12:00 – Свечено отворање и настап на деца од градинките
  • 12:00 – Ликовна изложба на ученици од основните училишта
  • 12:30 – Креативна активност „Пишуваме картони со Bombakis“
  • 12:30 – Креирање заедничка мега-слика „Ѕвездено небо“ со PVP бренд
  • 13:00 – Настапи на училишни хорови
  • 14:00 – Музички настапи на актуелни македонски музички уметници

Во музичкиот дел од програмата ќе настапат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации ќе му оддадат почит на безвременското музичко наследство на Тоше.

Настанот „Тоше те сакаме“ претставува силен пример за заедништво меѓу граѓаните, локалната самоуправа и образовните институции, обединети околу вредностите што Тоше Проески ги живееше и ги пренесуваше преку својата музика – љубов, човечност и искрена емоција.

Сподели: