Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.
-Квалитетот на водата и понатаму варира поради што остануваат во сила претходните препораки, а водата не смее да се користи за пиење и за приготвување храна. Штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на гостиварци ќе им соопштиме дека водата е и за пиење освен како техничка вода како што се употребува до сега, рече Тошковски.


