Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Паузата ќе трае додека претседателот не поверува дека лидерите на Украина покажале добра волја да се заложат за мир.
„Со замрзнувањето на воената помош за Украина Трамп му дава можност на Владимир Путин да ја засили својата агресија против невините Украинци. Последиците несомнено ќе бидат уништувачки“, изјави сенаторката Џини Шахин од Комитетот за надворешни односи во Сенатот.
Реакцијата од украинската страна беше кога Олександар Мережко, претседателот на Комитетот за надворешна политика на украинскиот парламент, реагираше дека стопирањето на воената помош од страна на претседателот Доналд Трамп, наликува на принудна капитулација на Украина под условите на Русија.
„Сега да се прекиен помошна, значи да му се помогне на Путин. Изгледа како да сме принудени да капитулираме, што значи прифаќање на руските барања. Најважно е дека ова е психолошки удар, политички удар за Украина“, изјави Мережко, споредувајќи го стопирањето на помошта со договорот од Минхен во 1938 година кога нацистичка Германија доби дозвола да анектира дел од тогашна Чехословачка.
Трамп повторно изјави дека Зеленски треба да биде поблагодарен за американската поддршка, откако претходно луто реагираше на написот на Асошиејтед прес во кој Зеленски беше цитиран како вели дека крајот на војната е „многу, многу далеку“.
„Ова е најлошата изјава што можеше да ја даде Зеленски, а Америка нема да ја толерира уште долго!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
