Трамп прогласи победа над ИСИС и најави повлекување на армијата од Сирија

Сподели

„Ја поразивме Исламската држава, мојата единствена причина што бевме таму додека сум претседател“, напиша Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Русија ја поздрави најавата дека американските трупи ја напуштаат Сирија. Кремљ смета дека со ваквата одлука ќе може преку политички средства да се постигне мир во Сирија.