ВОДИЦИ во Охрид – пренос во живо

Сподели

Чествувањата по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе започнат утрово со златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско со почеток во 08:00 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник. Во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши големиот богојавленски водосвет и ќе се фрли крстот во осветените езерски води.