ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ во КИНОТЕКА

Сподели

КИНОТЕКА, 17 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч, ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ

– (Lola Rennt), Игран филм, Германија

Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија. Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.

1998, 80 мин

Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer)